недела, 14 декември 2025

Полицијата уапси крушевчанец, продавал украдени дрва запленети од претпријатието каде што работел

Полицијата вчера пред угостителски објект во Демир Хисар, го уапсила 46 годишниот Т.О. од Крушево, поради сомневање за сторена злоупотреба на службена положба и овластување во шумското претпријатие во градот каде бил вработен, одземајќи нелегално исечени дрва кои потоа ги продал.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Тој се сомничи дека како вработен во шумско претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службена положба и овластување” на тој начин што како службено лице одзел нелегално исечени огревни дрва со приколки и ги продал на лице“, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ