понеделник, 2 јуни 2025

Полицијата уапси демирхисарец, осомничен е за предизвикување пожар

Полициски службеници вчера привеле едно лице од демирхисарското село Слоештица за предизвикување на пожар на куќа. Тој запалил гранки меѓу куќа и плевна при што предизвикал пожар во кој целосно изгорела плевната.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во демирхисарското село Слоештица, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишија од слобода Н.М. од село Слоештица. Имено, во ОВР Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во с. Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П. од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема“, посочуваат од МВР.

Од Министерството соопштуваат дека увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ