вторник, 24 февруари 2026

Полицијата разби група која незаконски сечела и продавала дрва од државни парцели

Полицијата поднесе кривична пријава против пет лица за неосвесно работење во службата, употреба на исправа со невистинита содржина и поттикнување и помагање, кои организирале сеча и транспорт на дрва од државни парцели, соопшти утрово МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М. од Злетово и Д.И. од Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело несовесно работење во службата, против Ј.К. и Д.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина и против Б.М. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела поттикнување и помагање.
„На 4 февруари 2025 година, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” – Подрачно шумско стопанство Осогово – Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла на нивен имот во атар на село Лезово, пробиштипско, и покрај тоа што нивните парцели се ниви и нема таков вид на дрва за сечење. Првопријавениот, по поднесените барања, излегол на местото, извршил увид и изготвил записник во кој внел лажни податоци дека постои дрвна маса-стебла на тополи за сеча, иако на парцелата немало какви било видови дрва. Откако бил платен надоместокот за издавање на одобрение за сеча, првопријавениот изготвил одобренија за сеча на дрвна маса, при што едното воопшто не го доставил на потпис на раководителот, а за да ја прикрие бесправноста усно го известил четвртопријавениот дека неговото барање за сеча е одбиено, кое всушност го изготвил и го одложил во досието на предметот“, се наведува во соопштението на МВР.
Според полицијата, по ова, петтопријавениот организирал сечење тополи на парцела во државна сопственост.
„Додека, второпријавениот, во својство на службено лице во ЈП Национални Шуми-ПШС Осогово Кочани-РЕ Пробиштип, на 11 февруари 2025 година изготвил приемница за сеча и приемница за дотур без да ја утврди фактичката состојба за исечената дрвна маса и дали истата маса потекнува од означените стебла, издал испратници со кои исечените стебла биле однесени на продажба во фирма во Kавадарци. На ист начин, постапил и со барањето на Д.К., за што го фалсификувал потписот на приемниците на четвртопријавениот, а потоа издал и лажна испратница за ситно техничко дрво орев, кое всушност претходно со камион, управуван од петтопријавениот Б.Д. бесправно било исечено и одвезено во фирма во охридско. Со ваквите дејствија било извршено сечење на вкупно 53.81 кубни метри дрвна маса, со што била причинета штета на државниот буџет за износ од 780.245 денари“, соопшти МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ