„Возилото не застанало на знак за запирање и продолжило со движење. Набргу, во 20:20 часот возилото било пронајдено и во негова близина биле пронајдени четири женски лица – мигранти од Кина, од кои едната била во бессознание и била пренесена во болницата во Гевгелија за укажување помош, а останатите три биле сместени во прифатно – транзитен центар“, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.