четврток, 26 март 2026

Полицијата приведе тројца мажи кои нападнале две жени во два засебни напади

Неготинка го пријавила сопругот за физички напад, а кавадарчанка била нападната од двајца додека работела на брана, информираа денеска од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 23 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Ш. (36), постапувајки по пријава од неговата 24-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал. Д.Ш. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Нешто порано, како што додадаваат од СВР Велес, во 11 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(44) од Кавадарци пријавила дека додека извршувала работни задачи на брана на хидроелектирична централа, била физички нападната од Т.М. и А.М. од село Возарци, кавадаречко.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ