„Имено, во 19.45 часот на автопатот Куманово – Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило ауди со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник бил А.Ш., и патничко возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С., во кои биле превезувани мигранти. Возилата не застанале на даден знак за запирање и продолжиле движење, но набргу била запрени и во нив биле пронајдени осум мигранти од Египет“, информираа од МВР.
Мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Табановце, а по преземените мерки било утврдено дека за А.С. има распишано три потерници и тој со другите две лица биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.
„По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.






