сабота, 3 мај 2025

Полицијата приведе три лица, возеле под дејство на алкохол

На подрачјето на СВР Штип приведени се тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол. Лицата се исклучени од сообраќај, а против нив ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера на улицата „Гоце Делчев“ во Штип е приведен С.О. (50) кој имал 1,99 промили алкохол во крвта.

Ноќеска во 02.45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево приведен е 18-годишниот Д.С. кој имал 1,62 промили алкохол во крвта.

Вчера на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица приведен е Д.В.(34) кај кој е констатирано дека возел со 1,53 промили алкохол во крвта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ