недела, 14 декември 2025

Полицијата приведе пет лица по групна тепачка во Куманово

Кумановската полиција приведе пет лица на возраст од 19 до 32 години заради тепачка во угостителски обејкт во кумановски „Гарнизон“, соопшти денеска СВР Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.А. (26), Х.Р. (21), З.Е. (22), А.Р. (32) и Ш.Ш. (19) сите од Куманово, затоа што во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово физички нападнале неколку лица и оштетиле инвентар во објектот, соопшти полицијата.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ