Според информациите, осомничените во селото Слоештица довеле во заблуда неколку жители, нудејќи им наводно брендирани предмети за домаќинство. За возврат, жителите им дале златен накит и парични средства, верувајќи дека станува збор за вредна стока.
Случајот е во фаза на целосно документирање, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против тројцата осомничени.






