Како што се наведува во соопштението од СВР – Охрид, А.А. во својство на в.д. директор на Управа за заштита на културно наследство, со пропуштање должен надзор, односно без да изврши контрола кај локалитетот Плаошник во Охрид, дозволил агенцијата за обезбедување имоти и лица „2СС“ со седиште во Кичево да се стекне со противправна имотна корист во вредност од 4.926.250 денари, на начин што избраниот субјект не се придржувал на одредбите од потпишаниот договор за физичко и техничко обезбедување на локалитетот.
Второпријавениот се товари дека како одговорно лице во агенцијата, по склучување на договорот со Управата не постапил по истиот и целосно не ги исполнил предвидените технички услови и ангажирал помал број вработени лица. Тој исто така не се придржувал на законот за приватно обезбедување каде јасно е предвидено дека секој вработен треба да поседува лиценца и легитимација.






