недела, 29 март 2026

Полицијата поднесе кривични пријави против четворица дилери на дрога

Во четири одвоени случаи низ државата, полицијата вчера откри и заплени дрога во кавадарци, Гостивар, Свети Николе и Скопје. Против дилерите се поднесени кривични пријави.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Во Кавадарци и Гостивар се поднесени кривични пријави против две лица поради сомнение за трговија со дрога, при што при претреси биле пронајдени амфетамин, марихуана и други предмети поврзани со делото.

Во Свети Николе, пак, приведени се две лица кај кои при претрес биле пронајдени прашкаста материја, течност и дигитална вага, додека во Скопје биле лишени од слобода уште две лица поради поседување марихуана.

„По целосно документирање на сите случаи, против осомничените ќе следуваат соодветни поднесоци“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ