„Вчера попладне од затворот Идризово во МВР било пријавено дека при преглед кај тројца осуденици Д.Т., И.Д и Н.В., сите осуденици во установата, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Истиот ден вечерта од затворот Скопје во Шутка било пријавено дека е пријавено дека вработен во затворот, додека вршел обиколка, затекнал двајца затвореници како конзумирале кокаин.
„На 6.12.2025 околу 22:53 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Затвор Скопје е пријавено дека околу 22 часот, вработен во затворот, додека вршел обиколка, ги затекнал Д.В. и Г.А. како конзумирале кокаин. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во билтенот на МВР.






