Вчера и завчера, во Скопје полицијата откри нелегална дистрибуција на наркотични материи. Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода шестмина возрасни и еден малолетник, на различни локации низ градот. Меѓу уапсените има и малолетник.
„Кај сите нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случаите, против уапсените ќе следуваат соодветни поднесоци“, информираа од СВР Скопје.
СВР Велес пак, поднесе кривична пријава против С.М., поради постоење основи на сомнение за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28 октомври 2025 година, полицијата го забележала пријавениот при продажба на хероин, по што тој побегнал, а дрогата била одземена. Следниот ден, С.М. бил пронајден, лишен од слобода и го признал делото.
Сличен случај откри и СВР Штип. А.Џ. бил пријавен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во јули 2025 година, кај две лица била пронајдена и одземена марихуана, која ја купувале од пријавениот А.Џ. Претресот извршен на 6 август 2025 година во домот на А.Џ. открил дополнителна количина на незакоснки чувана марихуана како и дробилка за истата.






