петок, 4 јули 2025

Полицијата ја најде и ја врати во затвор побегнатата жена осудена за разбојништва

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија вчера во 21.10 часот во Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од истиот град.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР таа била барана по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела разбојништво по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ