„Вчера во периодот од девет до 14 часот, на подрачја на повеќе сектори за внатрешни работи, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола во патниот сообраќај, насочена кон санкционирање на прекршоци сторени од возачи на товарни моторни возила. При контролата изречени се вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци“, информираа од МВР.
Од нив, 12 мерки се однесувале на возачи на товарни моторни возила поради претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, една мерка за задолжителна опрема во возило, една мерка за технички неисправно возило и 10 мерки за останати сообраќајни прекршоци.
„Дополнително, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување, можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, додадоа од МВР.






