Според информацијата, вчера попладне на улицата „Боро Хаџиески Путе“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода С.М. од селото Франгово.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило мерцедес со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, појасни портпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.






