петок, 6 март 2026

Полицаец ќе одговара зашто побарал поткуп за да не му напише казна на кумановец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.С. за сторено кривично дело примање поткуп.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираа од МВР, пријавениот, во својство на полициски службеник од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, на 27.2.2026 при вршење на службени дејствија со специјално возило „пајак“, побарал и  примил поткуп од лице од Куманово за да не му изготви записник за констатиран сообраќаен прекршок и прекршочен платен налог за сообраќаен прекршок поради непрописно паркирано моторно возило, со што овозможил  да не биде казнет за констатираниот сообраќаен прекршок.

Одделот за внатрешна контрола против Р.С. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување  од работното место.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ