Како што соопштија денеска од МВР, пријавениот Л.Д. полициски службеник во Сектор за известување и координација на состојби во МВР, на 21.04.2025 на подрачје на Кисела Вода во Скопје, пријавениот управувал возило со 1,65 промили алкохол во крвта и поминувајќи на полна линија го пресекол патот на друго патничко возило и на тој начин ја загрозил личната и безбедноста на возачот и патниците од другото возило.
„Откако запреле тој упатувал закани на другиот возач и удирал по неговотот возило.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Л.Д. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина“, соопштија од МВР.