недела, 15 март 2026

Под дејство на алкохол нападнал полициски службеници во Богданци – лишен од слобода

На 14 март во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Е.У.(31) од село Ѓопчели, општина Дојран.

Објавено на

часот

Сподели

Тој околу 21.50 часот во Богданци агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи, а во еден момент и физички ги нападнал. Од преземените мерки е утврдено дека лицето е под дејство на алкохол, односно има 1.39 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против Е.У. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ