недела, 14 декември 2025

Починати тројца работници од Бангладеш во сообраќајката кај Штипско, двајца се тешко повредени

Тројца починати работници и двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, каде утринава од мостот на Балталиска Река, во близина на штипското село Лакавица, излета комби во кое се превезувале работници.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов за МИА вели дека медицинскиот тим на Итната медицинска помош на местото на настанот  констатирале смрт на две лица, третиот работник е реанимиран, но подлегнал на повредите. Според првичните информации станува збор за странски работници од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка фирма. Повредени се и еден работник и возачот на комбето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ