петок, 10 април 2026

Починат работник пронајден во продажен објект во Скопје

Во СВР Скопје, вчера во 13:25 часот е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети. Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени. После тоа, на приземјето во делот на лифтот го пронашол на подот А.С.“,  посочуваат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ