Според информациите од МВР, се работи за жена со иницијали Љ.Ј. на возраст од околу 75 години, која беше тешко повредена откако во неа удрило патничко возило, по што возачот избегал од местото на несреќата, оставајќи ја беспомошна на коловозот.
И неколку часа по трагичниот настан, Министерството за внатрешни работи трагаше по возачот и возилото што ја усмртило жената и до доцна вечерта се прибира траги што би можеле да помогнат во расветлување на случајот.
Од полицијата претходно информираа дека несреќата била пријавена денеска околу 11:30 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Народен фронт патничко возило удрило во пешакот Љ.Ј., по што возачот го напуштил местото на настанот. Повредената била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите се бореле за нејзиниот живот, но попладнево била констатирана смрт.
Од МВР велат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот, а повеќе детали се очекуваат по завршување на увидот и идентификацијата на возилото.






