Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на скопските клиники каде околу 17:40 часот починал.
„Пријавено е дека на подрачјето на Кисела Вода во објект во изградба Ж.С. (59) од с. Герман, Кривопаланечко додека извршувал работни задачи паднал од висина. Тој бил пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ каде околу 17:40 часот починал, а од страна на лекар констатирана била смрт“, информираат од МВР.
Извршен е увид и известен бил трудов инспектор.






