Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, околу 11:35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К. С. од Дебар.
„Денеска околу 11:35 часот во Одделението за внатрешни работи од Итната медицинска помош е пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал К. С, жител на градот. Според пријавеното, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата Братство единство во Дебар, каде што работел, и на пат кон болницата починал“, изјави Димоски.
На местото на настанот излегле јавен обвинител и трудов инспектор, а увид извршила екипа од ОВР Дебар.






