четврток, 15 јануари 2026

Почина бебе во болница во Кавадарци

Бебе починало во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеца.  Според пријавеното, бебето било хоспитализирано на 12 јануари, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција“, соопшти СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ