недела, 14 декември 2025

Почина 80-годишен македонски државјанин на плажа во Грција

На плажата Карианис во близина на грчкиот град Кавала вчера починал 80-годишен македонски државјанин, и покрај тоа што му била дадена прва помош, јави дописничката на МИА од Атина.

Објавено на

часот

Сподели

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера во попладневните часови биле информирани дека „80-годишен странски државјанин на (Република Македонија) бил извлечен во бесознание од плажата“, му била дадена прва помош, а потоа со амбулантно возило на брзата помош бил пренесен во Општата болница во Кавала, каде што лекарите констатирале смрт.

Според информациите на МИА, 80-годишниот ја загубил свеста додека бил во морето, по што останатите капачи побарале помош, а обдукцијата ќе покаже која е причината за смртта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ