понеделник, 9 март 2026

Почина 23-годишен осуденик од затворот во Шутка

23-годишен затвореник од затворот во Шутка вчера бил донесен на скопскиот Клинички центар во тешка состојба и набргу починал, соопшти полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Врз телото на починатиот ќе се изврши обдукција.

„На 07.03.2026 во СВР Скопје, од Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје е пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен С.Р.(23) од Скопје – осуденик од Казнено – поправната установа Затвор Скопје, кој во 20:10 часот починал во установата. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ