вторник, 15 јули 2025

Почина 20-годишно момче, со мотоцикл БМВ удрил во бетонски столб

Дваесетгодишен мотоциклист од кумановско починал, откако удрил во бетонски столб во атар на село Орашац кон патот Куманово-Свети Николе, соопшти денеска полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с. Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл БМВ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ