сабота, 6 декември 2025

По три години, 64- годишник пријавил измама од 1.300 евра за социјална помош

Шеесет и четиригодишен маж пријавил во СВР Скопје, на први декември дека е измамен за сума од 1.300 евра од Ф.А. од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра. По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1000 евра, по што парите ги дал на женско лице. Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ