По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца, за профил на апликацијата „Телеграм“, со телефонски број и ИП адреса од Македонија, припадници на Секторот за компјутерски криминал при МВР на 20 август извршија претрес во домот на Ф.М. (27) при што се пронајдени и одземени се предмети за понатамошна постапка.
Ф.М. е лишен од слобода во полициска станица Гази Баба. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против Ф.М. кој набавувал и поседувал фотографии и видео записи детска порнографија кои ги зачувал на својот мобилен телефон и таблет. Материјалите во форма на фотографии и видеа на кои биле прикажани очигледни полови дејствија со деца ги прибавувал од други лица преку различни интернет апликации, веб страници и форуми.