недела, 14 декември 2025

По две недели пријавил сообраќајка, се договорил да му платат, ама пари не добил

Дваесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на 1 септември во Шуто Оризари.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата поднесена на 16 септември во СВР Скопје, несреќата се случила околу 11:30 часот при судир помеѓу патничко возило мерцедес и електричен тротинет, со кој управувал оштетениот Џ.Ш.(20). Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Пријавителот изјавил дека по несреќата се договорил со возачот на автомобилот тој да му ги плати трошоците за болничко лекување, но откако тоа не било направено, со задоцнување го пријавил случајот во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ