среда, 11 февруари 2026

Платила 12.000 евра за имот во странство што не го добила

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М. (49) од Косово поради постоење сомневање за сторено кривично дело „измама“. Лани на 15 ептември пријавениот преку социјална мрежа довел во заблуда едно женско лице, претставувајќи се како сопственик на градежна фирма во странска држава, кој ќе и посредува при купување на имот во истата земја.

Објавено на

часот

Сподели

Оштетената во три наврати преку брз трансфер на пари на пријавениот му платила капар од 12.000 евра, но имотот не го добила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ