сабота, 3 мај 2025

Планинарот од Велес пронајден е мртов на ридот Гроот

Стојче Пецевски, планинарот од Велес, кој вчера беше пријавен за исчезнат, утрово е пронајден мртов на велешкиот рид Гроот, информираат од Центарот за управување со кризи. Нема информации за причините на смртта.

Објавено на

часот

Сподели

Потрагата официјално ја водеше МВР, а во текот на ноќта покрај членови на семејството во потрагата учествуваше и искусниот планинар и спасител Надир Мурсели.

Утрово немаше услови за хеликоптерска претрага, откако временските услови овозможија лет на хеликоптерот исчезнатото лице беше пронајдено починато, непосредно пред да полета хеликоптерот на МВР, велат од ЦУК.

Вчера претпладне беше пријавено дека во реонот на велешкиот рид Гроот исчезнал планинарот и пензионер од Велес, Стојче Пецевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ