понеделник, 2 март 2026

Пиротехничар од ДЗС успешно отстрани граната во село Добромири

Од Дирекцијата за заштита и спасување утрово информираа дека на 28 февруари годинава во 10:45 часот, пиротехничарот Ѓорги Стефанов од ДЗС успешно подигнал неексплодирана граната со калибар од 75mm, пронајдена во атарот на село Добромири, Општина Новаци.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочија од ДЗС во објава на социјалните мрежи, гранатата потекнувала од периодот на Првата светска војна. Дојавата до ДЗС Битола била доставена од Полициската станица Новаци, по што веднаш биле преземени сите неопходни безбедносни мерки за заштита на населението.

„Експлозивната направа е безбедно подигната, транспортирана и соодветно складирана до нејзиното конечно уништување на Армискиот полигон Криволак“, уверуваат од ДЗС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ