„Денеска (28.06.2025) во 00.13 часот на ул.100 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.К.(80) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило ‘БМВ’ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,72 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Исто така денеска во Куманово, но на бул. ‘Октомвриска револуција’ во 00.43 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Р.(43) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило ‘форд’ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, информираа од МВР.
Во 01:31 часот на улицата „Партизанска“ во Македонски Брод, приведен е С.Р.(52) од селото Црешнево кај кој е констатирано дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Триесет минути по полноќ од собраќај е исклучен и 45-годишен возач во Кочани кој управувал патничко возило „рено“ под дејство на алкохол, односно со 1,63 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.