вторник, 23 декември 2025

Пијани малолетници, закани, лажен сертификат… (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на изминатата вечер полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти и едно казино во Тетово.

Затекнати се 11 малолетници во угостителски објекти по 24 часот, од кои осум малолетници конзумирале алкохол, а 14 се затекнати без да поседуваат ковид сертификат.

Откриени се три кривични дела од кои едно за употреба на лажен сертификат, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.

[video:https://youtu.be/YyLp-wWufzg autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ