понеделник, 8 декември 2025

Пијан возел низ Крива Паланка

Приведен бил возач од кривопаланечко затоа што управувал возило под дејство на алкохол, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што појаснуваат, ноќеска во 00:17 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ј., на возраст од 22 години.

„При контрола на патниот сообраќај, на улица „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, што го управувал А.Ј. и по преземени мерки, констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.05 промили алкохол во крвта“, истакнуваат од МВР.

По целосно документирање на настанот, како што додаваат, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Како што појаснуваат, ноќеска во 00:17 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ј., на возраст од 22 години.

„При контрола на патниот сообраќај, на улица Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“, што го управувал А.Ј. и по преземени мерки, констатирано било дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.05 промили алкохол во крвта“, истакнуваат од МВР.

По целосно документирање на настанот, како што додаваат, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ