Инцидентот се случил на улицата „Јанко Михајлоски“ во 00:35 часот, кога М.Ц., управувајќи патничко возило рено без регистарски таблички, удрил во паркирано возило мицубиши со скопски регистарски ознаки. По интервенцијата на полицијата и извршеното алкотестирање, било утврдено дека возачот имал 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување со моторно возило.






