сабота, 5 јули 2025

Пијан возач направил сообраќајка во Куманово и побегнал, полицијата го најде и приведе

Полициски службеници од СВР Куманово вчера, во 16.50 часот на ул.„120“ во Куманово, го лишиле од слобода А.М.(37) од Куманово, кој управувајќи патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

При преземање мерки во врска со незгодата полициски службеници констатирал дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,37 промили алкохол во организмот, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријави по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ