„Вчера во 15:40 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа Т.Н.(46) од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија. При преземање мерки во врска со настанот, кај него се измерени 3,66 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од СВР – Велес.






