сабота, 7 март 2026

Пијан возач излета од патот кај село Велмевци

Вчера во 07:27 часот во Сектор за внатрешни работи Битола било пријавено дека во близина на село Велмевци, демирхисарско, патничко возило мини купер со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (25) од Битола, излетало од патот.

Објавено на

часот

Сподели

Во незгодата, возачот и сопатникот Х.Н. (21) од Битола се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

При преземање на службени дејствија, полициските службеници констатирале дека возачот М.Д. управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,66 промили алкохол во крвта. Извршен е увид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ