По извршените проверки било констатирано дека А.Д. го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта.
Против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А – „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик – „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.