Како што информира полицијата, настанот се случил на 8 февруари 2025 година, во атарот на селото Кучкарево. Пријавениот, под дејство на алкохол, управувал трактор и притоа го превезувал своето 12-годишно дете. Според пријавата, детето било изложено на подолг престој на ниски температури, со што биле загрозени неговото здравје и благосостојба.
Од МВР посочуваат дека со ваквото однесување, таткото свесно го довел во опасност животот и здравјето на детето, што е спротивно на законските обврски за грижа и заштита на малолетните лица.
Случајот е пријавен до надлежното Јавно обвинителство, а институциите ќе постапат во рамки на своите надлежности за понатамошно утврдување на одговорноста.