среда, 4 март 2026

Пијан се заканувал на мајка си и завршил во полициска станица

Од Секторот за внатрешни работи – Велес информираа дека денеска бил лишен од слобода 51-годишник од село во демиракаписко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом ѝ се заканувал на неговата 75-годишна мајка.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од ОВР – Неготино, утрово во три часот го лишиле лицето од слобода. При преземање мерки, кај него биле измерени 2,33 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од СВР – Велес

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ