среда, 16 јули 2025

Пијан кавадарчанец спречувал полицаец да презема службени дејствија

Полицијата синоќа во 23:50 часот на улица „7 Септември“ го уапсила 49 годишниот Г.Т. од Кавадарци.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал Г.Т.. По преземените мерки, констатирано е дека уапсениот возел пијан, а му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

Г.Т. исто така му ја туркал раката на полициски службеник со цел да го спречи да преземе службени дејства. Г.Т. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави за безобѕирно управување со моторно возило и спречување службено лице во вршење службено дејствие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ