„Денеска, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 9 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, кај место наречено Антена, патничко возило пежо, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н. Т. (19) од Кавадарци, излетало надвор од патот. Во несреќата телесни повреди добил возачот, констатирани во Општата болница во Кавадарци“, појаснија од СВР Велес.
Увид извршила екипа од ОВР Неготино.






