понеделник, 8 декември 2025

Петмина повредени во судир на голф и порше на булевар Словенија

Денеска во 00:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар Словенија и стариот Качаначки пат се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(36) од селото Брест, скопско, и патничко возило порше, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(43) од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., а телесни повреди добиле возачот Ф.А. и неговите сопатници Џ.А.(43) и 16-годишник, сите од Скопје. Повредите им биле констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза и Градската општа болница 8 Септември во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ