вторник, 6 мај 2025

Петмина повредени во сообраќајка на булевар „Партизански одреди“ во Скопје

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила на 10 април 2025 година, околу 17:30 часот, на булевар „Партизански одреди“ во близина на мостот „Влајко“ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата во СВР Скопје, во несреќата учествувале четири патнички возила, од кои едно го напуштило местото на настанот.

Се работи за ауди, управувано од Д.С. (39) од Скопје, второ ауди, управувано од З.А. (29) од селото Сингелиќ, форд фиеста, управувана од Т.Т. (46) од Скопје, како и фиат стило, за кое полицијата информира дека заминало од местото на несреќата.

Повредени се возачот З.А. и неговите сопатници Р.Р. (20) од Сингелиќ и Ј.А. (20) од Батинци, како и возачот Д.С. и сопатникот во форд фиеста, Д.Т. од Скопје. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Известен е јавен обвинител, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и идентификација на возачот кој го напуштил местото на несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ