недела, 14 декември 2025

Петмина повредени во сообраќајка кај Арачиново, меѓу нив има и дете

Вчера попладне во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фолксваген голф со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А. и патничко возило сеат со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И., двајцата од Арачиново, скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило сеат Ч.И. од Арачиново, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило фолксваген голф, тригодишно девојче, С.А. и З.А., сите од Арачиново, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ