сабота, 6 декември 2025

Петмина насилници добија кривични пријави за насилство врз дедо и внук во Средно Коњари

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ќ.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, против А.Ќ.(26), А.Ќ.(28) и Е.Ќ.(62), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „насилство“ и против А.Ќ.(71) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Објавено на

часот

Сподели

На 25 октомври во село Средно Коњари, Скопско, пријавените физички нападнале жител на селото и негов малолетен внук, при што употребиле и тврд предмет, додека првопријавениот репетирал пиштол кон него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ